More

    Ако европските земји испратат свои војници во Украина тогаш, „не треба да зборуваме за веројатноста, туку за неизбежноста на директен конфликт“ меѓу Русија и НАТО, смета портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков

    spot_img

    Ако европските земји испратат свои војници во Украина тогаш, „не треба да зборуваме за веројатноста, туку за неизбежноста на директен конфликт“ меѓу Русија и НАТО, смета портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавува Ројтерс.

    Изјавата на Песков доаѓа како реакција на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон на самитот за Украина во Париз каде тој псочи дека не е исклучено испраќање копнени сили.

    Во исто време, изјавата ја коментираше генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Тој за Асошиејтед Прес објасни дека воениот сојуз не планира да испрати борбени трупи во Украина, туку се работи на обезбедување друга воена поддршка за Украина.

    – Тоа го направивме од 2014 година, а поддршката ја засиливме по целосната инвазија. Но, нема планови за борбени трупи на НАТО на теренот во Украина – рече Столтенберг.

    Самиот Макрон во својата изјава во понеделникот рече дека нема консензус во Европа за евентуално испраќање војници. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис по самитот изјави дека испраќањето копнени сили воопшто не било тема на разговор и дека за повеќето земји во ЕУ ова прашање не постои.

    Шведска, Полска и Чешка се дистанцираа од предлогот на Макрон. Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека некои земји размислуваат дали да склучат билатерални договори за испраќање војници во Украина.

    Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека европските земји и членките на НАТО нема да испраќаат војници во Украина.

    – Се разговараше за тоа дека тоа што е договорено меѓу сојузниците од почетокот, да важи и за иднината, а тоа е дека на територијата на Украина нема да има војници на европските земји или членки на НАТО – изјави Шолц по самитот на европските лидери што се одржа во Париз.

    Петер Стано, портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика денеска изјави дека на ниво на ЕУ не е донесена каква било одлука за испраќање вооружени сили во Украина кои би се бореле на теренот, туку само постои консензус дека на земјата треба да си пружи сéшто е потребно и колку што ќе биде потребно за да го оствари нејзиното законско право на одбрана од руската окупација.

    Високиот украински функционер и советник на украинскиот претседател Михаило Подољак ги поздрави разговорите за европските земји кои разговарале за евентуално испраќање на војници во Украина.

    – Ова покажува апсолутна свест за ризиците што ѝ ги носи на Европа во милитаристичка и агресивна Русија – вели Подољак.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img