More

    Поранешниот свршеник на Јелена Розга е во врска со Марија

    spot_img

    Кариерата на хрватската пејачка Јелена Розга, покрај бројните хитови, ја одбележа и љубовта со виолончелистот Стјепан Хаусер. Двајцата важеа за еден од најубавите парови на јавната сцена, но на нивната љубов и дојде крајот.

    Врската ја започнаа во 2015 година, а траеше само две и пол години, кога раскинаа во 2017 година. Во меѓувреме, живееја заедно и се свршија, а иако беа на чекор од олтарот, ставија точка на љубовта.

    И Розга и Хаусер биле убедени дека нивната љубов ќе трае цел живот, а пејачката еднаш признала кога се заљубила во згодниот виолончелист.

    – Ме заинтригира во истата секунда, а јас се заљубив во третата минута од нашата средба – рекла Јелена која додала дека Стјепан прв и пришол.

    Сега, Хаусер е во врска со популарната украинска инфлуенсерка Марија, или барем судејќи по фотографиите од одморот, иако тоа јавно не го признал.

     

    Имено, убавата инфлуенсерка сподели фотографија со Хаусер на која заедно позираа покрај базен. Интимната фотографија и соодветните комбинации беа надополнети со коментарот што таа го остави.

    „Еден и единствен“, напиша Марија под фотографијата што ја сподели и Стјепан на својата инстаграм-приказна.

     

    Хаусер минатото лето ја однел Марија кај родителите во Пула, со што инфлуенсерката веднаш се пофали на социјалните мрежи. Таа тогаш објави неколку фотографии, но и видеа од неговиот дом каде се бакнуваат, вежбаат и наздравуваат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img