Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Српската водителка Бојана Јанковиќ почина на 46-годишна возраст, а нејзината ненадејна смрт ја потресе  јавноста.

По повод смртта на Бојана, се огласи и нејзиниот поранешен сопруг Огњен Јанковиќ. Огњен, кој е член на групата „Белградски синдикат“, се огласи на Фејсбук каде објави фотографија која доволно говори за тоа колку е скршен поради огромната загуба.

Црната позадина, без зборови, покрена многу изјави на сочувство кои се појавија во коментарите под фотографијата. Семејството на починатата водителка се прости со потресни некролози. Освен семејството, на социјалните мрежи од Бојана се простија и многу пријатели и колеги.

Да потсетиме, Бојана Јанковиќ почина на 46-годишна возраст. Нејзиното безживотно тело било пронајдено во нејзиниот стан. Причината за смртта не е официјално потврдена, но според неофицијални информации, Брзата помош ја констатирала смртта на Бојана околу 19 часот, а на телото немало видливи траги на насилство. За нејзината смрт било известено Вишото јавно обвинителство во Белград, кое наредило обдукција, а телото на познатата водителка потоа било пренесено во Институтот за судска медицина во Белград.

Познатата водителка ќе биде погребана денеска во Белград.

Share This Article