More

    Поранешниот шампион Ражон Рондо фатен со дрога и оружје

    spot_img

    Познатиот американски кошаркар Ражон Рондо (37), кој ја заврши кариерата во НБА од летото 2022 година, е уапсен поради нов инцидент што го направил. Како што пренесуваат медиумите од САД, поранешниот шампион со Бостон и ЛА лејкерс е уапсен поради поседување оружје, марихуана и реквизити за дрога.

    Оваа информација фрла сенка на одличната кариера што Рондо ја имаше низ годините во НБА. За три сезони, тој беше најдобар асистент во лигата, еднаш имаше најмногу украдени топки во една сезона и четири пати се појави на Ол-стар натпреварот, беше избран во третата петорка од сезоната 2012, а двапати беше во идеалната дефанзивна петорка. Тој во НБА имаше просек од 9,8 поени, 7,9 асистенции и 4,5 скока по меч.

    – Рондо бил запрен поради сообраќаен прекршок од полицијата, а полицаецот почувствувал мирис на марихуана, поради што бил извршен претрес на автомобилот, во кој бил пронајден пиштол, марихуана за лична употреба, како и реквизити за дрога – пријавил Адријан Војнаровски, најпознатиот НБА инсајдер.

    Рондо веднаш платил кауција и нема да остане зад решетки, но прашање е како ќе заврши процесот во кој против познатиот кошаркар се поднесени неколку прекршочни пријави.
    И претходно имал инциденти од сличен тип – дури и за време на играчките денови кога му се „заканувал“ на навивач симулирајќи пиштол со кој ќе му пука со прстите во глава, а подоцна и се заканувал на сопругата дека ќе ја убие. Во таа прилика тој ги кршел работите низ куќата, ги нападнал своите деца и замавнал со пиштол, што очигледно му е една од вообичаените активности.

    Ражон Рондо е роден во Луисвил, во државата Кентаки и додека играше за истоимениот колеџ го привлече вниманието на НБА скаутите кои му предвидуваа многу добра кариера. Тој беше драфтуван како 21. пик во 2006 година, а Феникс, кој го однесе истата вечер, го испрати во Бостон. Рондо играше за Бостон селтикс до 2014 година и беше шампион со нив, а потоа следеа чести преселби низ САД.

    Играше и за Далас, Сакраменто, Чикаго, Њу Орлеанс, ЛА лејкерс со кои повторно беше шампион, Атланта, Клиперс, ЛА лејкерс повторно и на крај Кливленд. Иако официјално не ја завршил својата играчка кариера, Рондо година и пол е без клуб, а со ваквиот начин на живот и на оваа возраст тешко е да се замисли повторно на теренот. Но тој сепак ќе остане запаметен како еден од најдобрите плејмејкери на својата генерација во НБА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img