More

    Поранешниот премиер Дејвид Камерон се враќа во британската влада

    spot_img

    Поранешниот премиер на Велика Британија Дејвид Камерон е назначен за министер за надворешни работи, јавува Би-би-си.

    Назначен е откако претходниот министер Џејмс Клеверли беше „префрлен“ на функцијата министер за внатрешни работи.

    Клеверли на оваа функција ја заменува разрешената контроверзна министерка Суела Браверман.

    Камерон беше премиер на Обединетото Кралство од 2010 до 2016 година.

    Тој поднесе оставка откако граѓаните на референдум се изјаснија за излез на Велика Британија од Европската унија.

    Камерон беше назначен во Горниот дом на британскиот парламент со цел да стане министер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img