Поранешниот играч на Борусија Дортмунд и англиски репрезентативец, 19-годишниот Џуд Белингeм, потпиша шестгодишен договор со Реал Мадрид

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот играч на Борусија Дортмунд и англиски репрезентативец, 19-годишниот Џуд Белингeм, потпиша шестгодишен договор со Реал Мадрид, соопшти денеска мадридскиот клуб.

Белингем  утре во Мадрид треба официјално да биде претставен како ново засилување на Реал. Англискиот фудбалер ќе биде еден од најплатените играчи во мадридскиот клуб.

Германските медиуми посочуваат дека Реал се согласил на Борусија да и исплати отштета од 103 милиони евра која со бонусите може да достигне вкупна бројка од 130 милиони евра.

Белингем пристигна во Борусија во 2020 година од Бирмингем за 25 милиони евра. За клубот од Дортмунд одигра 132 натпревари и постигна 24 гола и имаше 25 асистенции.

Борусија потврди дека постигнале договор со Реал и му се заблагодари на мадридскиот клуб за конструктивните преговори.

Белингем за репрезентацијата на Англија одигра 24 натпревари и постигна еден гол.

Share This Article