More

    Поранешната прва дама на Франција и супермодел Карла Бруни обвинета за корупција

    spot_img

    Поранешната прва дама на Франција и супермодел Карла Бруни (56) е обвинета за корупција и се соочува со затворска казна. Бруни е обвинета дека вршела притисок врз сведокот кој го обвини поранешниот француски претседател, воедно и нејзин сопруг Никола Саркози, дека незаконски примал средства за финансирање на кампањата од Либија, објави „Скај њуз“.

    Поранешната манекенка е ослободена со кауција и не може да контактира со никој од оние што се вклучени во постапката, освен со својот сопруг. Обвиненијата вклучуваат манипулирање со сведоците и обид за измама поврзани со нелегални парични средства во текот на кампањата за претседателските избори во 2007 година.

    Карла Бруни-Саркози е осомничена и за прикривање, влијание врз сведоци и учество во обид за поткуп на либански правни службеници, меѓу другите прекршувања, пишува Би-би-си.

    Имено, сведокот Зиад Такиедин потврди дека Саркози примил незаконски плаќања во милиони зад кои стои режимот на тогашниот либиски претседател Моамер Гадафи.

    Никола Саркози, кој беше на чело на Франција од 2007 до 2012 година, веќе е осуден во два други случаи, но тој цврсто ја негираше вината што му се става на товар. Во февруари оваа година, судот во Париз го прогласи за виновен пред Апелациониот суд за незаконско финансирање на неговата реизборна кампања во 2012 година, потврдувајќи ја претходната одлука на понискиот суд. Тој е осуден на една година затвор, од која половина е условна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img