Поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска смета дека треба да се разберат оние граѓани кои се против уставните измени. Според неа, тие не се против ЕУ, туку се плашат од тоа дека ќе има и други барања.
– Тезата дека нема алтернатива по мене не функционира. Многумина кои ја поддржуваат тезата за уставни измени треба да ги разберат и оние граѓани кои велат не. Главно се Македонци, но тој број не е за потценување. Најголем број од луѓето кои се против уставните измени не се против ЕУ. Не треба да ги убедиме дека ЕУ е важна, некои знаат повеќе и од нас. Тој отпор не доаѓа од отпорот против ЕУ, туку од стравот дека ова не е крај. И тој страв не е нереален. Се плашат дека после тоа ќе има нови барања – рече Шеќеринска на панел- дебатата „Европски фронт“ организирана по повод годишнината на ДУИ.
Таа порача:
Ако молчиме тогаш и ние сме соучесници.