Весна Ангелова, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ во перодот од 1994-1998 и ќерка на поранешниот амбасадор во Унгарија, Атанас Вангелов, на својот фејсбук профил го изрази своето разочарување од сопствената партија:
„После 7 години владеење на СДСМ и мое 30-годишно членство во оваа партија, со големо жалење морам да го констатирам следново:
– СДСМ не направи апсолутно ништо добро за државата
– СДСМ ја напушти социјалдемократската определба
– СДСМ ги направи Македонците граѓани од втор ред
Направената штета од лошите политики е далеку поголема од штетата што ја направи Скопје 2014.
СДСМ не само што треба да замине во историјата, туку треба да се избрише од политичката сцена“, напиша Ангелова на својот фејсбук профил.