Порака од првата антикорупционерка Ивановска по напливот владини изјави дека дошол ред за справување со корупцијата

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Колку е искрена нивната желба за борба против корупцијата ќе видиме од делата, а не од зборовите, вели за Плусинфо Билјана Ивановска, првиот човек на Државната комисија за борба со корупцијата, како коментар на последните изјави на високи владини претставници за тоа дека во иднина главен фокус на државата ќе биде ставен на борбата со корупцијата и со организираниот криминал.

– Немаме време за филозофии, што и да зборуваме е неважно во споредба со она што се прави. Делата на мегдан – вели Ивановска, која е во Брисел, каде во рамките на скрининг проектот за претпристапните преговори на земјава во ЕУ ќе ја презентира работата на ДКСК и состојбите во борбата со корупцијата во земјава.

Ивановска нагласува дека во борбата со корупцијата треба да се вклучат сите институции, дека не може само една институција да се бори со корупцијата, без да има сериозна поддршка од другите државни органи.

– Борбата против корпуцијата бара целосна ангажираност на сите нивоа на општеството. Од исклучителна важност е сите релевантни институции да преземат активности во рамки на својата надлежност и да ја зголемат својата ажурност. Само заедничка координирана акција може да даде резултати, а не декларативни заложби – вели Ивановска.

Сите проверки кои ги прават антикорупционерите одат преку институциите на извршната власт, и нивната ефикасност зависи од отвореноста и спремноста на соработка од овие институции, пред сѐ, министерства, агенции, државни претпријатија. Истото важи и за обвинителствата, каде ДКСК ги доставува своите предлози за кривично гонење, кое потоа решава дали ќе покрене обвинениевелат антикорупционерите.

– ДКСК не е моќна да се бори против државниот апаратпротив владата, институциите, и тука се кршат копјата. Надлежностите на ДКСК завршуваат со доставување предлог до обвинителствата, а имаме десетици предмети кои заглавија со доставување предлог до обвинителите. Во 20 години не успеавме да ја постигнеме потребната ефикасност. Проблемот е во политичката волја во самиот врв кој раководи со државата  изјави неодамна Војче Зафировски, член на Комисијата, на прес конференција по повод две децении од формирањето на ДКСК.

Досега, во повеќе наврати Комисијата се жалеше на односот на повеќе институции во однос на забелешките, препораки и сугестии што таа ги изготвува и доставува за да се намалат законските можности за злоупотреби на службената положба, судир на интереси, дискрециски овласувања и нетранспарентно работење.

Борбата против корупцијата, односно неупехот на земјава да се справи со ова зло, сѐ повеќе се истакнува во изјави и кометнари од високи претставници на ЕУ и на САД, како најголема пречка на Македонија во нејзините евроинтеграции. Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер прва го сврте вниманието на јавноста со својата изјава дека е „изненадена“ од изборот на гостиварскиот обвинител Ислам Абази за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. За Абази, кој беше релативо непознат за јавноста, набргу се дозна дека има блиски, речиси фамилијарни контакти со луѓе од врвот на ДУИ, и е по потекло од истото село од каде потекнува Али Ахмети, лидерот на оваа партија. Абази беше избран на првите непосредни избори, со тајно гласање од обвинителите, а амбасадорката не го криеше разочарувањето од таквиот избор „по толку милиони долари инвестирани во обуки и курсеви“.

Агелер ги повтори овие загрижености и на средба со премиерот Димитар Ковачевски на која оцени дека „корупцијата ја кочи земјава на патот кон ЕУ“ и дека таа е еден од мотивите на масовното иселување на младите од Македонија. Таа меѓу другото истакна и дека САД се сведоци на значителни промени, но, додаде дека „пред вас има уште многу предизвици“.

- Advertisement -
Ad image

Слични изјави, но во поширок регионален контекст, дојдоа и од заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар. Тој на настан посветен на евроатлантската иднина на регионот, одржан во Атлантскиот совет во Вашингтон, најави дека САД ќе воведат дополнителни чекори за да ги санкционираат корумпираните официјални лица од Балканот и тие да се тргнат од одговорните позиции.

– Не само што беше ефективно да се санкционираат поединци, туку ако погледнете дел од наративот што Министерството за финансии (на САД) го објавува заедно со одлуката, ќе ја видите длабочината на корупцијата – рече Ескобар.

Коментирајќи ги овие пораки, кои се адресирани пред сè кон државниот врв, неодамна министерот за надворешни работи Бујар Османи се обиде на нив да гледа од „добрата страна“. Според него, фокусот на стратешките партнери на земјава сега е ставен врз корупцијата, затоа што биле решени другите големи прашања.

- Advertisement -
Ad image

– Мислам дека и овој фокус на САД кон антикорупциската политика не е одраз дека се случува нешто поинакво овде во однос на корупцијата, туку одраз дека влегуваме во една нова фаза на развојот на државата. Државата ги реши своите егзистенцијални прашања, ако можам така да кажам, внатрешно се консолидираше по однос на функционалната демократија и меѓуетнички односи, си ги среди односите во соседите, се етаблираше меѓународно. Сега останува корупцијата – рече шефот на дипломатијата на брифинг со новинарите.

Ваквото „креативно читање“ на Османи на изјавите на Ескобар, Агелер и други, наиде на иронични коментири и потсмев кај дел од јавноста.

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини на својот профил на Фејсбук напиша дека „корупираниот пациент најавува почеток на борбата против корупцијата“.

Македонија ќе биде пример како се расчистува со корупцијата“, порача министерот Османи.

Како што досега беше пример меѓу најкорумпираните држави во светот. Корумпираниот пациент“ најавува почеток на борбата против корупцијата со расчистување на аферата Телеком – напиша Хајредини на ФБ.

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ му порача на Османи борбата против корупцијата да ја почне од решавање на милионскиот криминал направен во Министерството за здравство кога министер беше Бујар Османи.

Во таа борба со корупцијата ќе почнеме со решавање на милионскиот криминал направен во Министерството за здравство додека министер бил Бујар Османи и со продажбата на земјиште во строг центар на Скопје по цена од 400 денари за квадрат, во надлежност на министерство на финансии, а за потребите на ДУИ“, напиша Ковачки.

Share This Article