Детската агенција на ОН УНИЦЕФ предупреди дека здравјето на 11 милиони деца во источната пакистанска провинција Пенџаб е загрозено од загадувањето на воздухот.
Отровниот смог го обвива градот Лахоре и 17 области во Пенџаб од минатиот месец.
Здравствените власти велат дека повеќе од 40.000 луѓе се лекувани од респираторни заболувања.
Претставникот на УНИЦЕФ во Пакистан, Абдула Фадил ја повика Владата итно да направи повеќе за намалување на загаденоста на воздухот.
„Пред овие рекордни нивоа на загаденост на воздухот, околу 12 отсто од смртните случаи кај децата на возраст под пет години во Пакистан беа резултат на загадениот воздух“, рече Фадил.
Пакистан ги затвори училиштата до 17 ноември во некои делови на Пенџаб.
Властите во петокот наредија затворање на сите паркови и музеи на 10 дена и ги повикаа луѓето да избегнуваат непотребни патувања.
Според Одделот за заштита на животната средина во Пенџаб, Мултан е најзагадениот град, со индекс на квалитет на воздухот од околу 800, а сè над 300 се смета за опасно за здравјето.