Холивудскиот актер Бред Пит беше фотографиран оваа недела во Франција на снимање на реклама, а поради неверојатно младешкиот изглед на 59-годишна возраст го споредуваа со Бенџамин Батон.
Холивудскиот актер бил снимен како работи на реклама за италијанскиот бренд за кафе „Де’Лонги“ (De’Longhi), во лозје во регионот Вар, на француската ривиера.
Токму самиот Пит го играше ликот на Бенџамин Батон, човекот кој старее наназад, а поради неговиот изглед, на сетот го споредувале со него.
Оскаровецот носел бела кошула во склад со бели панталони и бели чевли. Изгледот го комплетирал со очила за сонце, а со кратката фризура изгледал неверојатно младолико.
Пит бил доста расположен, се смеел и разговарал со членовите од екипата на снимањето. Актерот веќе долги години соработувал со „Де’Лонги“. Во 2021 година беше именуван за глобален амбасадор на брендот, а призна и дека бил пристрасен не само кон компанијата, туку и кон нејзиниот производ и маркетиншки пристап.
„Сакав да соработувам со „Де’Лонги“ затоа што го ценев нивниот пристап кон кампањата – тие имаат доверба во нивниот производ и сакаат да ја прослават уметноста на нивното италијанско наследство, без притоа да претеруваат“, изјавил Пит за „Пипл“ во 2021 година.
ФОТО: Инстаграм