More

    Мајкл Даглас ќе добие почесна „Златна палма“ во Кан

    spot_img

    Холивудскиот актер Мајкл Даглас ќе ја продолжи својата долга листа на признанија овој месец кога Филмскиот фестивал во Кан ќе му ја додели почесната „Златна палма“.

    Организаторите на најголемиот филмски фестивал денеска соопштија дека ќе му оддадат почест на двократниот оскаровец на церемонијата на отворањето на фестивалот на 16 мај, како признание за неговата „брилијантна кариера и посветеност на кинематографијата“.

    Даглас (78) е познат по различни улоги, вклучително и во филмови како „Кинески синдром“, „Основен инстикт“, „Ден на лудилото“ и „Мојот живот со Либераче“, од кои сите беа прикажани во Кан.

    „Секогаш е како свеж воздух да се биде во Кан, кој отсекогаш обезбедувал прекрасна платформа за смели креатори, уметничка смелост и извонредност за раскажување приказни“, рекол Даглас, познат и по „Волстрит“ и „Фатална привлечност“.

    „Од мојата прва посета овде во 1979 година за „Кинескиот синдром“ до последната премиера на „Мојот живот со Либераче“ во 2013 година, фестивалот секогаш ме потсетуваше дека магијата на филмот не е само во она што го гледаме на екранот, туку и во неговата способност. да влијае на луѓето ширум светот“, додал тој.

    Меѓу претходните добитници на наградата се покојната француска филмска режисерка Агнес Варда и актерката Џоди Фостер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img