Поради голем интерес за паричната поддршка за ученици Министерството за образование и наука објави неколку дополнителни појаснувања за условите и начинот на аплицирање за таква подршка, за што рокот трае заклучно со понеделник, на 25.12.2023 година:
– Родителите/старателите кои се приматели на гарантирана минимална помош од државата, при аплицирање за остварување на правото на финансиска поддршка за своите деца – ученици, како доказ за средствата кои ги добиваат, доставуваат само РЕШЕНИЕ за добивање на гарантираната минимална помош издадено од Центарот за социјални работи.
– Родителите/старателите кои не се во работен однос, немаат обврска да достават потврда од Агенцијата за вработување, туку треба да достават извод од сите лични трансакциски сметки за претходен месец како доказ дека не постојат приходи по основ на плата (доколку не доставуваат решение за примање на гарантирана минимална парична помош).
– Родителите/старателите кои не поседуваат трансакциски сметки, даваат своерачна изјава дека не поседуваат трансакциска сметка и истата НЕ ТРЕБА да биде заверена на нотар. Потоа министерството врши проверка на податоците.
– За учениците чии родители не се во брак, информираме дека изјава пополнува само родителот на кој со судска одлука му е доделено правото на старателство, без да се достави писмена согласност од другиот родител. Ова важи и за децата од вонбрачни заедници, изјава и податоци доставува само едниот родител.
– Правото на финансиска поддршка од 1.200 денари за основци, односно 1.800 денари за средношколци им следува и на учениците од приватните училишта кои имаат верификација за работа од Министерството за образование и наука.