More

    Попоски: До крајот на јули, ќе имаме слично време како и во јуни, проследено со многу временски непогоди

    spot_img

    До крајот на јули, ќе имаме слично време како и во јуни, проследено со многу временски непогоди, тврди метеопрогнозерот Славчо Попоски.

    Тој вели дека јуни минал според прогнозите, во знакот на многу чести временски непогоди во Македонија, но и во целиот регион – поплави, свлечишта и крупен град, кој направи големи штети. Причина за ова е метеоролошкиот феномен „Ел Нињо“, кој носи многу топло време ширум Европа, но не и кај нас.

    Попоски вели дека кај нас сѐ уште нема големи топлотни африкански бранови, а прашање е воопшто ќе ги има оваа година во нашиот дел од Европскиот континент.

    – Според најновите метео-анализи, јули ќе ни донесе нови и чести големи временски непогоди, поплави, крупен град, силен ветер, многу грмотевици и големи штети. Врнежите ќе бидат значително над просекот за јули, а барем од сега гледано и не се очекува некој екстремно топол африкански бран. Нови големи временски непогоди и поплави во текот на јули, освен на Македонија, му се закануваат и на целиот регион. Да бидеме подготвени за нови и сериозни временски непогоди – порачува Попоски.

    Според податоците кои ги добивме од Хидрометеоролошкиот завод на Македонија, анализите на температурите на површината на морето и прогнозата за наредните три месеци покажува умерени „Ел Нињо“ услови, позитивни промени за Индискиот океан и позитивни отстапувања на температурите на површината на водите во Северноатланскиот океан, особено во тропскиот и во источниот дел. Повеќето модели укажуваат на вообичаен атмосферски одговор на „Ел Нињо“ условите и се очекува да не преовладува зонската циркулација.

    – За територијата на Република Северна Македонија постои голема веројатност за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности. Надминувањето на температурите може да достигне и до 3 степени Целзиусови речиси на целата територија. Најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишните просеци за оваа сезона се очекува да биде во јули – информираат од УХРМ.

    Оттаму додаваат дека многугодишниот просек (1981-2010) за температурите на воздухот во летната сезона се движат од 16,0 степени во планинските предели до 25,3 степени измерени во Гевгелија. Врнежите во овој период се во границите од 23,9 мм измерени на метеоролошката станица во Штип до 96,7 мм во Маврово.

    Температурата на воздухот во Скопје за јуни, јули и август во многугодишниот просек (1981-2010) изнесува 21,9 степени, 24,2 степени и 23,9 степени. Додека повеќегодишниот просек на количината на врнежи во главниот град за трите месеци 44,0 мм, 37,6 мм и 34,4 мм.

    – Во претстојната летна сезона секако постои веројатност да се јават периоди со исклучително топло и сушно време, како и веројатност за изразени негативни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата, но и влажни продори – велат од Управата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img