More

    Помладата сестра на момчето убиец Коста Кецмановиќ на судењето признала дека на еден собир со другарите таа им истурила од средството за чистење „Доместос“ во соковите

    spot_img

    Помладата сестра на момчето убиец Коста Кецмановиќ на судењето признала дека на еден собир со другарите таа им истурила од средството за чистење „Доместос“ во соковите, пишува српска Република. Сестрата сведочела заедно со мајката на Коста. Овој случај не е поврзан со масакрот, но бил дел од исказот.

    – На еден собир со други деца им истурала од (средството за чистење) „доместос“ во чашите со сокови. Сѐ завршило среќно бидејќи едно од децата забележало чуден вкус на чашата и им кажало на своите родители. Потоа настанала паника, а кога децата се смириле, откриено е кој е виновникот. Сестрата на момчето убиец признала сѐ и објаснила дека тоа е „детска игра – вели информиран извор од истрагата.

    Децата и нивните родители ова го прифатиле, но ги прекориле родителите на Кецмановиќ.

    – Не би било првпат децата да не знаат да разликуваат „игра“ од реални опасности, да помешаат реалност и фикција, но затоа се тука родителите. Нивна должност е да се грижат за воспитувањето на синовите и ќерките, а и за нивното дружење, особено што денес малите деца веќе на таа возраст, од девет или десет години, имаат пристап до разни опасни содржини на Интернет, телевизија, и во компјутерски игри – смета изворот.

    Средството „Доместос“ содржи хлор кој може да предизвика сериозно оштетување на органите, дури и смрт на самото место, велат експертите.

    Мајката Миљана исто така е обвинета и дека ја занемарила и злоупотребила својата ќерка.

    Во средината на јуни Миљана Кечмановиќ се обидела да ја премине границата и да ја напушти Србија. Според медиумите, таа сакала да ја однесе ќерка си во во Охрид. Овој настан ги налути не само семејствата на убиените и ранетите деца, туку и јавноста во Србија. Веста тогаш ја пренесоа повеќе медиуми.

    Мајката беше сопрена на граничниот премин Прохор Пчињски и оттаму е вратена бидејќи против неа е поведена истрага, поточно преткривична постапка за да се утврди дали во нејзиното дејствие има елементи на запоставување на детето и злоупотреба.

    – По препорака на терапевтот кој разговарал со сестрата на момчето, мајката решила да ја однесе на пат за да се обиде да ја олесни ситуацијата во која се наоѓаат по 3 мај – објавија тогаш медиумите.

    На 10 октомври беше објавено обвинението на мајката во случајот со синот Коста. Бидејќи нејзината ДНК беше пронајдена на чаура која била испукана на денот на масакрот во кабинетот по историја во училиштето каде пукаше Коста, против Миљана е покренато обвинение за недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

    Таа се соочува со затворска казна од две години и шест месеци. Таа добила и забрана за приближување, средба и комуникација со нејзиниот син и била предупредена дека може да и се изрече построга мерка доколку ја прекрши забраната.

    Истовремено, таткото на Коста К. се соочува со 12 години затвор. Обвинетите Р.И и Н.М. од стрелиштето каде Коста К. вежбал да пука заедно со татко му се обвинети за давање лажен исказ.

    Неименуваниот извор од истрагата смета дека и таткото и мајката ги охрабрувале децата да прават опасни работи и им дале премногу слобода.

    – Тие двајца очигледно им дале премногу слобода на децата, па дури и ги охрабрувале да прават некои опасни работи. Како инаку да се објасни дека татко му го однел Коста на вежби за гаѓање, дека ова момче научило да прави молотови коктели, со кои дошло на училиште на 3 мај и дека екстремно лесно ги добил пиштолите на татко му. Таму никој не ни знаел дека малолетниот убиец ја пребарува најморбидната содржина на Интернет, подготвувајќи се за злосторството. Како тоа барем еден месец никој во семејството не забележал дека нивниот син се подготвува за најголемото зло? – прашува изворот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img