Полскиот премиер има своја верзија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Рускиот претседател Владимир Путин сака да го уништи НАТО, изјави денеска во Варшава полскиот премиер Матеуш Моравјецки по средбата со својот британски колега Борис Џонсон.

– Политичката цел на Путин е да го уништи НАТО и затоа е важно да покажеме колку сме обединети – рече Моравјецки.

Полскиот премиер додаде дека НАТО има силно разбирање за тензиите на неговото источно крило.

Џонсон, од друга страна, кажа дека ниту Полска, ниту Велика Британија, не можат да прифатат свет во кој силен сосед може да ги заплаши или напаѓа другите.

Тој нагласи дека Полска има клучна улога во европската безбедност.

– Лекцијата од изминатите сто години беше дека кога на Полска и се закануваше нестабилност, војна и агресија, тогаш сите беа загрозени – рече британскиот премиер.

По средбата, двајцата лидери ја посетија касарната во Варшава каде се сместени британски војници. Тие од декември им помагаат на полските сили да ја зајакнат границата со Белорусија.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply