Вашингтон ќе ѝ продаде на Варшава 250 тенкови „Абрамс“, верзија M1A2 SEPv3, информираше полскиот министер за национална одбрана, Мариуш Блашчак.
– Многу важни вести за безбедноста на Полска. Стејт департментот се согласи да продаде 250 тенкови „Абрамс“ од најновата верзија – напиша Блашчак на Твитер.
Тој купувањето го нарече еден од најважните воени договори во полската историја.
– Ова е исклучително важно за зајакнување на нашите одбранбени капацитети – додаде полскиот министер.
Претходно, соопштувајќи за купувањето на тенковите, полските власти открија дека планираат тенковите да ги распоредат долж нивните источни граници со Белорусија и со Украина.