Полициски службеник синоќа со службеното возило излетал од патот на улицата 172 во Скопје, но во полицискиот билтен не е наведено во која скопска населба се случила несреќата и каде точно се наоѓа улицата 172.
Од МВР само информираат дека полицаецот изгубил контрола над возилото, по што дошло до несреќата.
Мажот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен е увид.