More

    Полицијата запрела 10-годишно момче и 11-годишно девојче, кои четири часа возеле автомобил во обид да побегнат од својот дом во сојузната држава Флорида кон Калифорнија

    spot_img

    Полицијата запрела 10-годишно момче и 11-годишно девојче, кои четири часа возеле автомобил во обид да побегнат од својот дом во сојузната држава Флорида кон Калифорнија, изјавила полицијата за американскиот весник USA Today.

    Полицијата на округот Алачуа забележале бело патничко возило, за кое било пријавено дека е украдено, како се движело по патот, соопшти полицијата во објава на Фејсбук.

    Бидејќи возилото било пријавено за украдено, полицајците сметале дека е „ризично“ застанување на возилото, но биле изненадени кога од автомобилот излегол 10-годишниот возач, а потоа и неговата 11-годишна сестра.

    Полицајците потоа дознале дека децата биле пријавени за исчезнати во градот Норт Порт и дека украденото возило ѝ припаѓало на нивната мајка, се вели во соопштението.

    Децата ѝ кажале на полицијата дека девојчето било вознемирено затоа што мајка ѝ го одзела електронскиот уред поради недолично однесување, а нејзиниот брат ја возел во Калифорнија. Децата биле испрашувани од детективи, кои рекле дека нема индикации дека биле малтретирани од нивната мајка или некој друг во домаќинството.

    Мајката одбила да поднесе жалба против нејзините деца кои ѝ биле вратени.

    Имињата на мајката и децата не се објавени.

    Децата ѝ кажале на полицијата дека девојчето било вознемирено затоа што мајка ѝ го одзела електронскиот уред поради недолично однесување, а нејзиниот брат ја возел во Калифорнија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img