More

    Полицијата забрани собири против пензиската реформа во центарот на Париз

    spot_img

    Полицијата забрани собири против пензиските реформи на плоштадот Конкорд и Елисејските полиња во Париз, по дводневните протести обележани со инциденти.

    -„Поради сериозен ризик од нарушување на јавниот ред и мир, забрането е секое собирање на плоштадот Конкорд и неговите приоди, како и во секторот Шанзелизе“, изјавија од полицијата за агенцијата Франс прес.

    Како што се наведува, полицијата систематски ќе ги отстранува лицата кои ќе се обидат да се соберат и може да бидат казнети.

    Противниците на пензиската реформа на францускиот претседател Емануел Макрон најавија продолжување на протестите викендов, планирани се нови собири и штрајкови во земјата, која западна во политичка криза откако владата го усвои законот за пензиските реформи заобиколувајќи го парламентот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img