На денешен ден во 2019 година, прв пат се крена знамето на НАТО пред Владата, потсети денеска преку фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.
„НАТО значи сигурност и безбедност, но во исто време отвара и нови перспективи. Регионалната стабилност како и унапредената соработка со соседите и сојузниците во НАТО алијансата, но и фактот што исклучително брзо ја завршивме воената интеграција ме прави особено горд“, напишаКовачевски.
Ковачевски порача дека треба да остануваме посветени на учеството во операциите и мисиите на НАТО.