More

    Полицијата во Отава почна да ги апси демонстрантите

    spot_img

    Канадската полиција почна да апси камионџии кои трета недела по ред го блокираат сообраќајот во Отава во знак на протест против владините мерки за коронавирус.

     

     

    Полицијата на Твитер објави дека дел од нив сами се предале и биле приведени пред зградата на Парламентот, а синоќа биле уапсени двајца водачи на протестите.

     

    Отава е последното упориште на „Конвојот на слободата“, протест и блокада на камионџиите што започна поради задолжителната вакцинација на возачите на камиони кои влегуваат во земјата, а подоцна прерасна во протест против сите наметнати мерки поради ковид-19, но и против премиерот Џастин Трудо.

    Многумина најавија дека нема да се повлечат ниту по цена да им бидат приведени или одземени лиценците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img