Полицијата вчера попладне пронајде и одзеде дрога во училиштен ранец на 17-годишна малолетничка. Претресот на ранецот полицијата го направила во двор на основно училиште на подрачјето на Кисела Вода.
Како што соопшти полицијата, девојчето е приведено и во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетничка деликвенција со него е извршен службен разговор во полициска станица, во која тоа го појаснило делото.
Малолетничката е предадена на родителот, за случајот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесо