Британскиот милионер, бизнисмен и поранешен почесен конзул, Колин Армстронг (78) и неговата девојка Колумбијката Кетрин Паола Сантос беа киднапирани пред два дена од луксузна куќа во Еквадор. Бандата упаднала во нивниот дом и ги киднапирала, а парот исчезнал без трага, пишува Дејли Мејл.
Сега во британските медиуми се појави веста дека полицијата го спасила милионерот и неговата девојка, која се сомничи за вмешаност во киднапирањето пренесува Стандард.
78-годишниот бизнисмен наводно бил киднапиран од 15 криминалци маскирани како полицајци. Киднапирањето се случило околу 2:45 часот по локално време на неговиот ранч Ранчо Родео Гранде во провинцијата Лос Риос. Киднаперите ги однеле со црно БМВ, кое подоцна било пронајдено напуштено покрај патот, а во близина била пријавена и закана со бомба, наводно поврзана со киднапирањето.
Адвокатот Рикардо Ванегас изјави дека жената е спасена и дека полицијата ја испрашува за киднапирање поради сомение дека таа е поврзана со киднаперите на богатиот Британец.