Полицијата го уапсила Радиша Блажиќ, таткото на Урош Блажиќ, кој е осомничен за убиство на осум лица во Мали Орашје и Дубона, дознава Блиц.
На Радиша Блажиќ, поранешен припадник на Војската на Србија, му е одреден притвор до 48 часа.
Неговиот син Урош Б. уби 8 и тешко рани 14 лица, починувајќи го вториот од масакрите кои на 3 и 4 мај ја завија Србија во црно. На Урош му е одреден притвор од 30 дена. Тој беше уаспен по голема потрага кај селото Вињиште.
Напаѓачот Урош Б. во Вишото јавно обвинителство во Смедерево изјавил дека испукал два шаржери (околу 60 куршуми) кон жртвите во Мали Орашје и дека продолжил да пука во луѓето на кои наишол во Дубона, а потоа и во групата која седела во училиштето бидејќи тие не сакале да му се извинат.
Урош Б. тврдел дека сака да покаже дека со него нема шеги и мајтапења. Тој негирал дека бил инспириран од претходнит масакр на Коста К. во Врачар во Белград, туку дека „се работи за омаловажување“.