Вчера во 18.30 часот во Скопје, во Старата скопска чаршија, инспектори од ОКР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишија од слобода С.А. (36) од тетовско, кој претходните денови извршил кривични дела „разбојништво” во обложувалници и помали трговски објекти на територија на Скопје, заканувајќи се со скалпел, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„При преглед кај него е пронајден скалпел и пари кои потекнуваат од кривичните дела. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на кривичните дела, против С.А. ќе биде поднесена кривична пријава“, соопшти полицијата.