More

    Полицијата ги учи муслиманите дека алкохолот им е забранет

    spot_img

     Вкупно 3.873.163 шишиња од најмногу пиво, но и други алкохолни пијалоци вчера беа уништени кога верската олиција во северниот нигериски град Кано и истоимената држава, ја засили акцијата против алкохолот, пишува РТ. Додека шишињата беа кршени на отворен простор, верски полицајци и членови на владата извикуваат „Алаху Акбар“, во превод, Господ е голем.

     – Кано е шеријатска држава и продажбата, консумирањето и поседувањето на алкохолни супстанци се забранети во државата – рече на церемонијата Харуна Ибн Сина, шефот на Хисбах.

     – Ова е демонстрација дека победуваме во војната против злоупотребата на дрога и сите форми на опојни средства во Кано – додаде тој.

     Хисба продолжи и ги запали остатоците од шишињата. Според жителите на селото, пожарот горел во текот на ноќта.

     Алкохолот бил пресретнат во текот на неколку месеци од Хисбах додека трговците и другите граѓани шверцувале пива и други пијалоци во регионот од главно христијанскиот југ.

     – Персоналот на Хисбах треба да го задржи темпото бидејќи злобниците смислија нова тактика за шверц на пиво и тешки дроги во државата – рече гувернерот Абдулахи Ганџуд, според локалните вести.

     По падот на диктатурата и враќањето на граѓанското право, Кано, заедно со другите држави на муслиманскиот север, повторно го воведе шеријатот. Продажбата и консумирањето алкохол се казнува со 80 удари со камшик.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img