Полицијата апси студенти на пропалестински протести

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американската полиција уапси повеќе десетици студенти во Тексас и Калифорнија, кои протестираа против војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Во Тексас вчера се уапсени 34 лица, по судирот меѓу демонстрантите и полицијата и полициската коњаница, а меѓу уапсените е и новинар на американската ТВ станица Фокс, јавија американските медиуми.

Студенти од Тексас побарале нивниот универзитет да прекине секаква соработка со компаниите што произведуваат и продаваат оружје на Израел, пишува Индипендент.

Апсењата минаа помирно во Калифорнија, каде што беа уапсени околу 20 студенти кои претходно три дена беа забарикадирани во зградата на универзитетот, на што универзитетот одговори со организирање онлајн часови.

Претходно, на почетокот на неделата, полицијата соопшти за 133 приведени демонстранти на Универзитетот Колумбија во Њујорк и околу 40 на Универзитетот Јејл.

Вчера пропалестинските протести во САД се проширија на повеќе универзитетски кампуси, што предизвика реакција од Мајк Џонсон, претседател на Претставничкиот дом.

Тој вчера го посети Универзитетот Колумбија во Њујорк и рече дека „ако не се спречат демонстрациите, наскоро ќе биде добро време за Националната гарда“.

Движењето започна на Универзитетот Колумбија во Њујорк, каде минатата недела беа извршени десетици апсења откако универзитетските службеници, по повеќекратните предупредувања и наводи за прекршување на политиката на институцијата, ја повикаа полицијата да интервенира.

Еврејските студенти на неколку кампуси ги обвинија демонстрантите за закани со насилство, антисемитизам и поддршка за Хамас, организација која САД, ЕУ и Велика Британија ја сметаат за терористичка организација. Демонстрантите ги негираат овие обвинувања.

- Advertisement -
Ad image

Посетата на Џонсон на Колумбија дојде кога властите распоредија полиција во опрема за немири на Универзитетот во Тексас во Остин, каде стотици демонстранти одржаа бурен марш, извикувајќи „Долу окупацијата“.

Студентите извикуваа „Слободна Палестина“, како и контроверзниот слоган „Од река до море, Палестина ќе биде слободна“, што некои го протолкуваа како повик за уништување на државата Израел, која се наоѓа помеѓу реката Јордан и Средоземното Море.

Универзитетот соопшти дека го затвора кампусот за надворешни посетители, иако часовите и другите активности ќе продолжат. Студентите исто така започнаа протести во училиштата, вклучувајќи ги Јеил, МИТ, УК Беркли, Универзитетот во Мичиген, Браун и Харвард.

- Advertisement -
Ad image

Телевизијата Ен-Би-Си објави дека ФБИ координира со универзитетите за антисемитските закани и можното насилство поврзано со тековниот бран протести.

FOTO: EPA SARAH YENESEL

Share This Article