Замисли да си полицаец во Македонија, си тргнал на работа рано наутро и одеднаш те фаќа „криза“ за правење склекови.
Токму таква „беља“ го снајде ова младо момче облечено во полициска униформа, па срам-не срам, среде Скопје, на улица, одлучи да си го заврши пропуштениот тренинг.
За среќа, некој успеал да го овековечи моментот со камера, па тоа видео деновиве стана вирално на социјалните мрежи.
И додека на некои им делува само смешно и интересно, најголемиот дел од коментарите за младиот полицаец се: „Ова е за поздрав. Дај боже барем половина од полицајците да се како овој“.