Тренерот на младински категории во познатиот израелски фудбалски клуб Хапоел од Тел Авив е убиен при терористички напад, објави екипата на официјалнитре профили на социјалните мрежи. Според израелските медиуми, 34-годишниот фудбалски тренер Алон Шемали е убиен кога полицаец во Египет отворил оган врз автобус кој превезувал туристи од Израел.
Министерството за надворешни работи на Израел ги истражува наводите за терористички напад во Александрија, каде полицаец со приватно оружје пукал во автобус со туристи, а се претпоставува дека има најмалку тројца загинати и тоа во момент кога ситуацијата на Блискиот Исток е многу сложена. Во изненадниот масовен напад во саботата, единиците на Хамас ги нападнаа териториите под контрола на Израел и ја урнаа оградата околу Појасот Газа, а Египет како една од најголемите воени сили во тој дел од светот го поддржа нападот. Исто така, нападот беше поддржан од земји како Либан – северниот сосед на Израел.
Израелците се збогуваат со фудбалскиот тренер кој беше омилен меѓу децата со кои работеше.
„Голема болка. Тренероте на младинската екипа, Алон Шемали, е убиен утрово во напад во Египет. Алон живееше во Бат Јам и работеше како наставник по физичко во училиштето Ришоним во градот. Пред една и пол година тој се приклучи во младинскиот погон на Хапоел, минатата сезона работеше како главен тренер во детската екипа, а оваа сезона како помошник тренер во младинската екипа.
Просветен работник, вистински спортист, скромен, со многу страст за фудбалот. Имаше одличен однос со децата, беше многу сакан од играчите и од неговите ученици. Секогаш пред себе го гледаше образованието за вредности, здравиот начин на живот и професионализмот. Фудбалскиот клуб Хапоел Тел Авив ја наведнува главата, упатува сочувство до сопругата и семејството на Алон и сочувствува со нивната голема болка. Нека почива неговата душа во мир“ – се наведува во соопштението на клупската веб-страница.