Полицаец отворил оган во најстарата синагога во Африка – Ел Гриба на островот Џерба во Тунис, откако претходно убил свој колега за да му го земе оружјето. Двајца верници и еден припадник на обезбедувањето загинаа во пукањето, ранети биле петмина од обезбедувањето и четворица посетители, а Би-би-си јавува дека подоцна од страна на безбедносните сили бил убиен и полицаецот.
За време на инцидентот стотици верници беа внатре во синагогата на аџилак. На снимката се гледа дека полицаецот не бирал каде ќе пука.
Аџилакот во Гриб, кој се одржува секоја година на 33-тиот ден од Пасха, е централна прослава на туниските Евреи. Аџиите главно доаѓаат од европските земји, САД и Израел.