More

    Специјална колекција на свечени тоалети, кои се вистински избор за незаборавните матурски и апсолвентски прослави

    spot_img

    Модната куќа ЗЕРО, која е дел од групацијата Фероинвест, одбележува една година од своето постоење. По повод првиот роденден, брендот промовираше специјална колекција на свечени тоалети, кои се вистински избор за незаборавните матурски и апсолвентски прослави, како и други значајни настани за младите припаднички на понежниот пол во летната сезона која ни претстои.

    Во изминатата година ЗЕРО ѝ понуди на македонската модна сцена уникатни модели со истакнати нијанси на италијанскиот моден шарм, кои особено ја потенцираат грациозноста и природната убавина на жената. Сите линии доживеаја голем успех, особено кај помладите генерации, кои сакаат да ја покажат својата храброст со носењето смели парчиња гардероба.

    Од ЗЕРО најавуваат нови колекции, кои овојпат ќе понудат модни решенија за жените од различни генерации и за различни пригоди, со цел секоја жена, носејќи ги моделите на ЗЕРО, да се почувствува елегантно, грациозно, но притоа и удобно и во тек со светските модни трендови.

    – Во текот на мај, како месец на својата годишнина, ЗЕРО во својот ексклузивен салон во центарот на Скопје ќе има специјални понуди и попусти за своите клиенти –  рече бренд менаџерката Дучевска и ги покани сите девојки да го посетат атељето на ЗЕРО БРЕНД и да пробаат некој од ексклузивните модели.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img