Покрив над глава за 48 семејства од социјално ранливите категории во Свети Николе

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Распишан е оглас за распределба на социјална зграда во Свети Николе за социјално ранливи семејства од овој град. Говорејки за значењето на овој објект, Генералниот директор на АДИССДП, Зоран Ѓоргијев, кој заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски извршија обиколка на становите, истакна дека зградата ќе обезбеди топол дом за 46 семејства од социјално ранливите категории граѓани.
„Објектот се состои од приземје, четири ката и поткровје, становите се со површина од 35 – 47 м2, а вкупната инвестиција изнесува 84.298.137,00 денари“, рече Ѓоргијев.
Според него, објекти од ваков тип во моментов се градат во Скопје (во општините Бутел и Сарај), Дебар, Кочани и Велес, а во завршна фаза се објектите во Демир Капија и Неготино.
Министерот Бочварски истакна дека право на аплицирање за социјален стан имаат: граѓани деца над 18 години без родители кои до својата 18-та година биле згрижени во институции за деца без родители, корисници на право на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни – природни непогоди, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, лица припадници на Ромската заедница кои се социјално загрозени и самохрани родители со малолетни деца. Огласот ќе трае 30 дена и истиот ќе биде објавен во Центарот за социјални работи во Свети Николе, како и на веб страницата на Министерството за транспорт и врски.
„Сакам да апелирам до граѓаните кои ги исполнуваат условите да аплицираат за социјален стан. Доколку имаат потешкотии во комплентирањето на целокупаната документација, без двоумење да се обратат до комисијата и до Центарот за социјални работи во Свети Николе, кои ќе им стојат на располагање со цел да им помогнат во прибирањето на целокупната документација“, изјави Бочварски
Според него, Комисијата за распределба составена од вработени од министерството и МТСП ќе биде во постојана координација со Центарот за социјални работи од Свети Николе со цел поефикасна распределба на социјалните станови.
Инаку, претходно во период од два месеци беа распишани уште два јавни огласи за распределба на социјални згради и тоа во Пробиштип и Виница.
Според директорот Ѓоргијев, до сега се завршени 22 објекти од овој тип, а нови се планирани во Пехчево, Прилеп и Штип.
Изразувајќи задоволство од досегашната имплементација на проектот Ф/П 1674 Ѓоргијев најави продолжување на преговорите со Банката за развој при Советот на Европа за понатамошна соработка за нови проекти за изградба на згради и во други општини.

Share This Article