Погледнете како изгледа сместувањето за навивачите на Светското првенство во Катар

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Медиумите посетија дел од сместувачките единици во кои ќе престојуваат навивачите на Светското фудбалско првенство во 2022 година во Катар.

Оваа земја од Персискиот залив ќе биде домаќин на првото Светско првенство на Блискиот Исток, прво во арапска земја, а исто така ќе биде и првото Светско првенство што ќе се одржи во зима.

Побарувачката за билети, но и за резервации е голема, но извршниот директор за сместување во Врховниот комитет Омар Ал Џабер вели дека има место за сите.

„И покрај се, имаме многу залихи на располагање. Го чекаме моментот кога ќе можеме да кажеме дека се е зафатено. Сè уште не сме блиску до тој ден. Очекуваме да бидеме домаќини на повеќе од милион навивачи за време на Светското првенство. Можеме да кажеме дека имаме повеќе од 100 илјади соби достапни за навивачите“, изјави Ал Џабер.

Катар, кој е приближно колку Јамајка, е и најмалата земја домаќин на најголемиот фудбалски настан во светот. Така Катар ќе прими навивачи од 32 земји, а сите ќе бидат собрани околу единствениот голем град – Доха.

Позитивната страна е што тоа значи дека навивачите ќе можат лесно да ги обиколуваат сите локации и ќе можат да гледаат повеќе од еден натпревар на ден, за разлика од турнирите во Русија и Бразил каде луѓето често биле принудени да летаат од место до место.

Во продолжение погледнете ги импресивните, луксузни сместувања каде ќе престојуваат навивачите за време на Светското првенство кое започнува во ноември оваа година.

Share This Article