Погледнете како Анастасија и Немања Гудељ изгледале на венчавката

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ќерката на пејачката Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ денеска склучија граѓански брак во вилата на Дедиње, а на церемонијата присуствуваа само нивните семејства и најблиските пријатели.

Кум на Анастасија беше нејзиниот најдобар пријател Љубомир Тозев, а кум на Немања неговиот долгогодишен пријател Горан Телебак.

Невестата блескаше во бел елегантен фустан, додека младоженецот беше во лежерно издание.

Братот на Анастасија, Вељко Ражнатовиќ, на својот профил на Инстаграм објави фотографија со својата сестра и зетот Немања, а јавноста имаше можност да види како изгледале младенците.

 

 

Она што особено привлече внимание е трпезаријата во која се организирал и свечениот ручек. Од фотографиите се гледа дека семејството Ражнатовиќ не штедело на менито, па на трпезата имало печено свинско месо, раженчиња, салати, помфрит и други јадења.

Покрај сликата со младенците, Вељко како горд брат објавил и фотографија со баба му и дедо му кои пристигнале од Житораѓа, родното место на Цеца. На масата се гледа и дека гостите користат златен есцајг и пијат од кристални чаши.

- Advertisement -
Ad image

Инаку, Анастасија открила и како започнала нејзината љубовна приказна со Немања.

– Се запознавме преку пријатели, „кликнавме“ уште на почетокот. Кај него сè ми се допаѓа, засега сè е во ред – рекла Анастасија за „Блиц“, без да открива премногу детали.

- Advertisement -
Ad image

– И двајцата сме јавни личности, јасно ни е што ги интересира медиумите, нормално го прифаќаме тој факт. Тој не е љубоморен, нема причина да биде. Притисоци сигурно ќе има, но ако нешто е во ред, ништо не може да го уништи тоа – истакнала таа.

Според наводите на „Блиц“, Немања веднаш по венчавката отишол на тренинг.

ФОТО: Инстаграм

Share This Article