More

    Пејачот и сопругата Катарина го објавија и полот на бебето

    spot_img

    Пејачот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина го очекуваат своето прво дете, додека фолкерот од претходниот брак ја има ќерката Лорена и од врската синот Алексеј.

    Катарина и Дарко го дознале и полот на детето, а неодамна открија дека не биле сигурни дали таа е бремена.

    „Конечно ги имаме резултатите и дознавме дека чекаме бебе и дека сè е во ред, па можеме да ја споделиме радосната вест со вас како што ветивме. Пресреќен сум што ќе станам татко“, изјавил Дарко за „Блиц“, додека Катарина со насмевка на лицето додала:

    „Мислам дека сè уште не сум свесна дека ќе станам мајка, претпоставувам затоа што сè уште немам стомак, но пресреќна сум што нашето семејство добива уште еден член, како круна на нашата љубов.“

    Воедно, тие ја организирале и сега веќе популарната забава „по повод откривањето на полот на бебето“, која била изненадување за сите гости, но и за самите родители.

    Сепак, иако сакаа да бидат таинствени за полот на бебето, розовиот чад што се гледа во позадината на една од фотографиите на Катарина покажа дека чекаат девојче. Катарина набрзо ја отстрани фотографијата од социјалните мрежи.

    Да потсетиме, Дарко и Катарина го изговорија судбоносното „да“ на 8 декември, во општина во Нови Сад во присуство на неколку луѓе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img