More

    Подготовки за кризата во снабдувањето со гас, уште две земји го подигнуваат нивото на подготвеност

    spot_img

    Данска и Холандија ја активираа првата фаза од подготовките за кризата со снабдувањето со гас по намалените испораки од Русија поради блокираната опрема за гасоводот Северен тек 1 на Гаспром.

    Рускиот снабдувач Газпром пред една недела објави дека ќе ги намали испораките во Европа преку гасоводот Северен тек 1 поради, како што наведоа, доцнењето на опремата испратена на ремонт на германски Сименс.

    Германија кон средината на минатата недела објави дека гасоводот Северен тек 1 добива 60 отсто помалку руски гас, Франција објави дека повеќе не добива руски гас од Германија, а значително помали испораки потврди и Италија.

    Германија веќе ја воведе првата фаза од подготовките за кризата со снабдувањето со гас и подготвува дополнителни мерки за намалување на потрошувачката, објави во неделата новинската агенција ДПА.

    Рим, исто така, може да го подигне нивото на подготвеност за кризата со снабдувањето со гас, велат изворите, откако енергетската компанија Ени објави дека добива помалку гас од Русија.

    Снабдувањето со гас на Данска засега е безбедно, но граѓаните и компаниите треба да ја намалат потрошувачката, соопшти во понеделникот енергетскиот регулатор, додавајќи дека тој подготвил кризен план.

    „Првото предупредување вели дека е можно значително влошување на снабдувањето со гас. Тоа е сигнал за играчите на пазарот на гас да се подготват за вистинска криза во снабдувањето“, се вели во соопштението.

    Предупредувањето е првата фаза од кризниот план кој во следните чекори предвидува ограничување на понудата на група потрошувачи во индустријата.

    Холандија, исто така, во понеделникот објави дека ќе ја активира првата фаза од планот за снабдување со гас во случај на криза, укинувајќи ги ограничувањата за производството во електраните на јаглен.

    Производството беше ограничено на 35 отсто од капацитетот за ограничување на емисиите на јаглерод диоксид. Министерот за енергетика Роб Џетен рече дека Холандија ќе ги исполни своите климатски цели до 2030 година и покрај активирањето на тие капацитети.

    „Помалку пари ќе се слеваат во воените ковчези на Путин“
    Се проценува дека работењето на електрани на јаглен ќе заштеди две милијарди кубни метри гас годишно.

    Владата, исто така, објави дека планира да произведе 2,8 милијарди кубни метри гас во големото гасно поле во Гронинген до октомври 2023 година. Досега сигнализираа дека поради честите земјотреси би можеле да го намалат производството речиси на нула.

    Во гасната година која завршува во октомври оваа година, Гронинген планира да произведе 4,5 милијарди кубни метри гас.

    Иако веќе ја намали потрошувачката и почна да набавува повеќе течен гас, сепак зимава може да се соочи со недостиг.

    До неодамна, Холандија увезуваше 15 отсто од својот гас од Русија, а по инвазијата на Украина, одлучи да ја намали зависноста од рускиот гас.

    „Со овие мерки помалку пари ќе се слеваат во воените ковчези на Путин“, рече министерот Џетен.

    Во понеделникот, холандските складишта за гас беа полни околу 48 отсто. Владата најави субвенции во мај за да ги поттикне приватните компании да пополнат клучен склад во Бергермер.

    Неговите резерви се надополнуваат за неколку процентни поени неделно, што не е доволно за да се достигне планираната искористеност од 80 проценти пред зимата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img