More

    Подели 640 милиони евра за хуманитарни цели

    spot_img

    Поранешната сопруга на американскиот мултимилијардер Џеф Безос, Мекензи Скот донираше 640 милиони долари на 360 мали добротворни организации, со што двојно ја зголеми сумата што претходно ја најави.

    Преку нејзината филантропска компанија, таа доделила средства на непрофитни организации кои се јавиле на јавен повик за аплицирање, објави Дејли мејл.

    Мекензи Скот (53) стана една од најбогатите жени во светот кога се разведе од основачот на Амазон Џеф Безос во 2019 година, добивајќи близу 29 милијарди долари.

    Според Дејли Мејл, таа уште истата година веќе почнала да донира милијарди на избрани организации и досега дала повеќе од 16,5 милијарди долари што ги добила од нејзиниот поранешен сопруг. За тоа време, основачот на Амазон подари приближно две милијарди долари.

    Безос претходно изјави дека планира да го подари поголемиот дел од своето богатство од 124 милијарди долари до крајот на својот живот, објави Би-би-си.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img