More

    Mајката на монструмот од Младеновац раскажува за синот

    spot_img

    Голема разврска на масакр ја разбранува јавноста во Србија и во регионот. Додека се чека пресудата за родителите на момчето Коста К. кое лани изврши убиства во основно училиште во Белград, Вишото јавно обвинителство во Смедерево поднесе обвинение против Урош Б. – напаѓачот кој ден после Коста, уби девет, а рани 12 лица во селата Дубона и Мало Орашје.

    Мајката на Урош даде потресни изјави во полицијата, велејќи дека не може да сфати зошто нејзиниот син ги извршил убиствата, пренесуваат српските медиуми.

    – Не знам зошто У.Б. ги уби тие луѓе ! Никогаш не се пожали дека има некаков проблем, декa нè озборуваат во селото или слично. Кога ќе ни побараше пари, ќе му дадевме, го заработи тоа бавејќи се со земјоделство заедно со нас. Плаќавме сметки, а му дававме и храна. Никогаш не сме имале проблеми со него – рече таа на рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Смедерево.

    Таа објасни дека како малолетник Урош удрил полицаец.

    – Во една прилика како малолетник Урош управувал мотор без дозвола, полицијата му поставила барикада, но Урош сакал да побегне од нив, а потоа при неговото бегство го закачил полицаецотот. Кривична постапка била спроведено против него, а на полицаецот му плативме отштета од 1.000 евра преку адвокат  – изјави таа.

    Таткото на Урош, Р.Б, се товари дека му го дал оружјето со кое го извршило кривичното дело.

    Мајката го опиша кобниот 4 мај кога Урош го изврши масакрот.

    – На 4 мај, Урош беше со нас цел ден бидејќи се подготвувавме за прославата на Ѓурѓовден. Сè беше нормално. Со другите членови на семејството отиде во Горња Дубона да купи прасиња и јагниња. Сите ручавме заедно, а после ручекот тој остана околу половина час. После тоа рече дека оди дома да се одмори малку и дека утре ќе дојде да го испече прасето. Продолжив да ја подготвувам славата, но до крајот на денот не се слушнав со него. Некаде околу 23 часот, некој му се јави на мојот сопруг на телефон и ми рече: „Твојот У. уби двајца!“ Сопругот Р. веднаш почна да плаче, а јас помислив дека мора да е некоја грешка. Тогаш почна агонијата. Набрзо дојде полиција, праша каде е У. Претресени ни се и двете куќи, пронајдено е оружје, но не знам кое точно. Р. имаше дозвола за пушка и пиштол, а синовите за пиштоли. Продадовме три трактори за да платиме за адвокатот на Урош – изјави мајката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img