More

    Поддршката за Украина и зајакнување на одбранбената индустрија главни теми на самитот во Вашингтон

    spot_img

    Македонска владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски од денеска до четврток ќе учествува на Самитот на НАТО во Вашингтон, на кој ќе се одбележи 75-годишнината од формирањето на Алијансата во 1949 година и на кој главни теми ќе бидат обезбедувањето сигурна и стабилна поддршка за Украина, плановите за одвраќање и одбрана на членките на Пактот, зајакнувањето на одбранбена индустрија и инвестициите и зацврстувањето на глобалните партнерства.

    Во состав на владината делегација се и министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и за внатрешни работи Панче Тошковски.

    Во пресрет на Самитот, македонскиот шеф на дипломатијата Тимчо Муцунски во видео порака на Фејсбук оцени дека „настанот е одлична можност да ги демонстрираме единството на сите сојузници и заемните заложби за понатамошно унапредување на трансатлантската соработка“.

    Најавувајќи го учеството на македонската делегација на собирот, Муцунски упати благодарност до „нашите стратегиски партнери за организацијата на овој историски самит, на кој Алијансата одбележува 75 години постоење“.

    – Ние и понатаму продолжуваме да бидеме кредибилен НАТО-сојузник, со повеќе од 2% од БДП за инвестиции во одбраната, како и со поддршката што ѝ ја даваме на Украина – истакна Муцунски во пораката.

    Целта на НАТО е да ја гарантира слободата и безбедноста на своите членки, како клучни за нивната благосостојба, преку политички и воени средства.

    Во воведниот текст на Основачкиот договор на НАТО се посочува дека земјите членки ја потврдуваат својата посветеност на целите и принципите на Повелбата на ОН и на нивната желба да живеат во мир со сите народи и сите влади, за што тие се решени „да ја заштитат слободата, заедничкото наследство и цивилизацијата на нивните народи, засновани на принципите на демократијата, индивидуалната слобода и владеењето на правото, се обидуваат да промовираат стабилност и благосостојба во северноатлантската област и се решени да ги обединат своите напори за колективна одбрана и за зачувување на мирот и безбедноста“.

    На политичко ниво НАТО ги промовира демократските вредности и им овозможува на членките да се консултираат и да соработуваат за прашања поврзани со одбраната и безбедноста за да ги решат проблемите, да изградат доверба и, на долг рок, да спречат конфликт.

    На воено ниво пак, Алијансата е посветена на мирољубиво решавање на споровите, но ако дипломатските напори не успеат, таа има моќ, сама или во соработка со други земји и меѓународни организации, да преземе операции за справување со кризи, согласно Членот 5 од Основачкиот договор на НАТО или со мандат на Обединетите нации.

    Врз основа на Членот 5 од Вашингтонскиот основачки договор членките се согласуваат дека вооружениот напад врз еден или повеќе од нив во Европа или Северна Америка ќе се смета за напад врз сите и следствено на тоа „тие се согласуваат дека доколку се случи таков вооружен напад, секоја од нив, во остварување на правото на поединец или колективната самоодбрана призната со член 51 од Повелбата на Обединетите нации, ќе ѝ помогнат на страната или страните кои се нападнати, со тоа што веднаш, поединечно и во соработка со другите страни, ќе преземат такви дејствија како што се сметаат за неопходни, вклучително и употреба на вооружена сила, за да се врати и одржи безбедноста на северноатлантската област“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img