Во фабриката „Фиат Крајслер Карс“ во Крагуевац се произведени примероци од првиот електричен автомобил во Србија, кои се наменети за таканаречени „краш“ тестови и други тестови, а наскоро првите модели ќе бидат тестирани на улиците на Крагуевац, објави РТС.
Според претседателот на независниот синдикат FCA Србија, Саша Ѓорѓевиќ, во тек се тестовите на првиот електричен автомобил произведен во Крагуевац.
Првите тестови се направени во Крагуевац, бидејќи фабриката има писта за тестирање на нови автомобили, но главните безбедносни тестови, таканаречените „краш“ тестови, се вршат во странство.
-Секој модел треба да помине низ опсежни тестирања – безбедносни тестови, странични удари и сè друго. Секој од нив мора да добие одреден број ѕвезди на тие тестови за да биде целосно безбеден – вели Ѓорѓевиќ.
Може да се очекува дека новиот електричен автомобил ќе се тестира на улиците на Крагуевац, барем ако се следи досегашната практика на моделите на „Фиат“.
Од компанијата „Стелантис“ не ја потврдат информацијата за првите модели произведени во Крагуевац, ниту дали тестовите се во тек, освен дека проектот е во тек.
Инвестицијата на „Фиат“ во Крагуевац почна пред две години кога и кај нас се најави фабриката за производство на електрични автомобили „е-Го“ во Тетово. Но, за разлика од српската инвестиција нашата пропадна заедно со стечајот на германскиот инвестиор.