More

    Македонија ќе прави струја без јаглен

    spot_img

    Транзицијата кон нискојаглеродна економија во нашата земја е веќе започната и наша цел е земјата да се позиционира како регионален лидер во одржливиот развој и гржата за животната средина. Имаме предвидено силен план за постепено затворање на електраните на јаглен и поголемо искористување на обновливите извори за производство на електрична енергија. Ова го истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на воведниот настан пред 29. климатски самит на Обединетите нации COP29 кој ќе се одржи во Баку, Азербејџан.

    Македонската делегација ќе ја предводи претседателката Гордана Сиљановска Давкова. На самитот делегацијата ќе ги престави македонските цели и очекувања од зелената транзиција.

    Министерката Божиновска истакна дека Македонија има амбициозен план за брза зелена транзиција и очекува поддршка од меѓународните партнери.

    – Во моментов имаме 700MW капацитети што произведуваат струја од сонце, со што се изедначи капацитетот на сончевите централи со оној на хидроцентралите. Оваа бројка многу скоро и ќе се дуплира со оглед на најавите за изградба на нови капацитети. Се проценува дека транзицијата ќе ја чини нашата земја 3 милијарди евра до 2030 година. Најголем дел од парите ќе дојдат преку инвестиции од приватниот сектор, а државата има обврска да изгради потребна инфраструктура и базни капацитети кои ќе овозможат напуштање на јагленот како гориво – истакна Божиновска.

    Во фокусот на овогодинешниот самит е обезбедување транспарентност и значајни пари што кои ќе ги претворат амбициите во конкретна акција.

    – Веќе имаме позитивни сигнали. Имаме поддршка од Климатскиот инвестициски фонд кој го одобри инвестицискиот план на нашата земја за забрзана транзиција од јаглен, со што добивме пристап до 85 милиони американски долари од фондот. Се надоврзаа и ЕБОР и Светската банка со вкупна поддршка од речиси 470 милиони американски долари. Парите ќе се искористат за проекти за изградба на обновливи извори на енергија, како и за модернизација на постојната инфраструктура. Очекуваме и други извори на финансирање и поддршка од меѓународните партнери – рече Божиновска.

    Конференција на страните за климатски промени (COP) почна во 1995 година и оттогаш служи како клучна платформа за преговарање за меѓународните климатски политики.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img