More

    Отворен повик од Македонија2025 за Програмата за извршно образование во Канада

    spot_img

    Македонија2025 објавува отворен повик за четири стипендии за Програма за извршно образование во Канада, која нуди програми за лидерство и стратегиско извршување во соработка со Смит Бизнис школата на Квинс Универзитетот во Кингстон, (Smith School of Business, Queen’s University in Kingston), во Канада.

    Програмата е наменета за македонски бизнис професионалци и нуди целосно искуство во Северна Америка преку пристап до врвни курсеви за извршно образование и со можност за практично вклучување во компании во Канада.

    Целта на програмата е активно и континуирано да поддржува талентирани бизнис лидери во земјата да го остварат својот целосен личен, професионален и лидерски потенцијал, зголемувајќи ги нивните компетенции и перформанси во динамичната глобална деловна средина.

    Критериумите за апликација вклучуваат најмалку 5 години релевантно искуство во менаџерска позиција, волја за враќање на заедницата преку менторство на помлади професионалци, можност за ширење на компанијата и споделување на знаењето во рамките на компанијата, извонредно владеење на англискиот јазик и способност за адаптација на работа со меѓународни тимови.

    Структурата на програмата вклучува учество во еден модул за извршно образование, односно напредни курсеви во областите на лидерство или стратегиско извршување, со цел да ги засили лидерските способности или стратегиската ефикасност на учесниците. Потенцијално нуди и стажирање или пракса во компанија во Канада, прилагодено согласно индустрија и професионално искуство на самиот кандидат, како и уникатна можност за вмрежење која може да им помогне на компаниите ориентирани кон извоз да ги промовираат своите производи и услуги на глобалните пазари.

    Повикот за апликации е отворен до 20 април 2024 година (23:59).

    За повеќе информации и детали за програмата и процесот на аплицирање, посетете ја веб-страната: https://macedonia2025.com/open-call-for-scholarships-for-executive-education-program-in-canada-2024/

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img