Почна финалето на Европското првенство во фудбал

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Почнува церемонијата на финалето на Европското првенство! За нотите пред натпреварот се заслужни италијанскиот електронски бенд Медуза, американскиот бенд OneRepublic и германскиот кантавтор Леони со инспиративната песна „Fire“.

Шпанија ѝ стои на патот на Англија која, пак, чека злато од 1966 година кога победи на Светското првенство. Од своја страна Шпанија ја брка четвртата европска титула за да го израмни рекордот на Германија/Западна Германија. Шпанија ги освои титулите во 1964, 2008 и 2012 година.

Младата ѕвезда на Шпанија – Ламин Јамал, собори уште еден рекорд на УЕФА ЕУРО 2024 година. Сосема очекувано, 17-годишниот фудбалер на Барселона се најде во стартниот состав за вечерашното финале против Англија.

Така, Јамал стана најмладиот играч кој учествувал во финалето на голем меѓународен турнир (Светско или Европско првенство).

Букмејкерите ја ставаат Шпанија како фаворит, стапката за победа на Фурија е 2,60, а за славје на Англичаните 3,60 19.50 Пристигна репрезентацијата на Англија! Според најавите, Шо е во стартниот состав наместо Трипие на лев бек, пишува Јутарни лист.

Дуелите меѓу Вокер и Ник Вилијамс ќе бидат особено интересни за гледање. Само да се потсетиме како Вокер го „стави во џеб“ Винисиус Јуниор, најдобриот дриблер на светот. Па да видиме дали Шпанецот има решение кое Бразилецот не успеа да го најде…

Натпреварот се одржува на Олимпискиот стадион во Берлин, а шпанската селекција важи за фаворит, бидејќи ги доби сите шест натпревари на ЕП и според рејтингот одигра најдобро.

 

На голот на Англија е Пикфорд, централно во одбраната Геј и Стоунс, а по страните Шо и Вокер. Во средината се Рајс и Маино, пред нив Белингем, а странично ќе напаѓаат Фоден и Сака, најистурен ќе биде Хари Кејн.

- Advertisement -
Ad image

За Шпанија на голот е Унаи Симон, централно во одбраната се Ле Норманд и Лапорте, странично Кукуреља и Карвахал, во средината се Родри и Фабијан Руиз, пред нив е Олмо, страничното дуо е тандемот Јамал и Нико Вилијамс, а напред Мората.

Шпанија и Англија имаа многу поразличен пат до големото финалето на Европското првенство во Германија. „Црвената фурија“ ги освои симпатиите на неутралните гледачи уште по настапите во групната фаза. Во најинтересната група ја декласираше Хрватска со 3-0, а минимално со по 1-0 ги победи Италија и Албанија во натпревари кои лесно можеа да завршат со далеку поголема разлика. Во осминафиналето ја победи Грузија со 4-1, а потоа следуваа и двете најголеми победи со по 2-1 против домаќинот Германија во четвртфиналето и Франција во полуфиналето.

- Advertisement -
Ad image

Англија на спротивната страна не загуби ниту еднаш, но исто така ниту еднаш не импресионираше со играта. Во групната фаза, ја победи само Србија со 1-0, а ремизираше со Данска и Словенија. Во елиминациите едвај мина против Словачка со 2-1 во продолженијата, потоа на пенали ја исфрли Швајцарија, а во полуфиналето беше подобра од Холандија со 2-1 со гол во 91.минута на Оли Воткинс.

Share This Article