More

    Почина славната италијанската филска дива Сандра Мило

    spot_img

    Италијанската филска дива Сандра Мило, најпозната по улогата на со Оскар наградениот филм „Осум ипол“ (8½“) во режија на Федерико Фелини, почина на 90-годишна возраст, јавуваат странските медиуми.

    „Чао, диво“, со овие зборови Венециското биенале се прости од актерската дива на социјалните мрежи, а таа беше најпрепознатлива по нејзиниот висок глас.

    Во 2021 година, таа ја доби наградата Давид ди Донатело за достигнување во кариерата – што се смета за италијанска верзија на Оскарите.

    Во 1965 година, Фелини ја ангажирал, заедно со неговата сопруга, во филмот „Џулиета од духовите“. Две децении подоцна, Сандра Мило во автобиографската книга „Сакан Федерико“ откри како нивната тајна љубовна врска траела долги 17 години. Мило често била опишувана и како муза на Фелини.

    Освен што остави голем белег со улогите во „Il generale Della Rovere“, „8½“ и „Giulietta degli spiriti“, Сандра се најде во центарот на вниманието кога се врза со катанец пред „Палацо Чиги“ во Рим и побара средба со премиерот на Италија Џузепе Конте, за да разговараат за актерите и уметниците погодени во текот на пандемијата со ковид-19.

    Таа се врза за металните бариери околу „Пјаца Колона“, а потоа беше примена во „Палацо Чиги“ на разговор.

    Премиерот Џузепе Конте, кој слушнал дека актерката протестира за самовработените во светот на забавата, се согласил да се сретне со неа.

    Мило била видно задоволна и им рекла тогаш на новинарите:

    – Тој е прекрасен човек. Конте е политичар со највисок квалитет, тој е политичар од минатото, како што беше Пјетро Нени и нè слуша нас. Сакаме да нè слушаат цивилизирани луѓе како него – рекла таа пред да биде примена во палатата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img