More

    Канје Вест ѝ забранил на сопругата да користи социјални мрежи

    spot_img

    Раперот и моден дизајнер Канје Вест неодамна на својата сопруга Бјанка Ценсори ѝ забранил да ги користи социјалните мрежи заради нејзина „заштита“.

    Вест наводно ја спречува Ценсори да комуницира со други луѓе по пат на социјалните мрежи во обид да избегне негативни коментари, меѓутоа, извори блиски до парот за „Дејли мејл“ велат дека на тој начин тој дополнително ја „изолира“ девојката од реалноста.

    – Бјанка отсекогаш имаше социјални мрежи и беше активна на истите, сѐ додека не се венча за Канје. Тој не сака таа да го има тоа затоа што мисли дека ќе биде повредена доколку ги чита грозните работи што ги пишуваат луѓето. Ја убеди, поради тоа што сега е ѕвезда, дека мора да остане мистична. Меѓутоа, на сите кои ја познаваат ваквото однесување им е морничаво и сметаат дека тоа е само уште еден обид на раперот да има контрола врз неа – вели изворот.

    Пријателите на Ценсори тврдат дека неа ѝ е потребна заштита откако Канје објавил нејзини експлицитни фотографии на социјалните мрежи.

    – Тој постојано ја пласира нејзината голотија на своите профили за да може да ја контролира нејзината приказна. Тоа е вознемирувачки, а со тоа што ја исклучува од светот доведува до тоа да биде сѐ поизолирана – изјавил изворот.

    Пријателите на оваа 29-годишна девојка велат дека Бјанка која тие ја познавале исчезнала. Тврдат дека таа отсекогаш била своја, а сега е принудена да го носи она што тој го сака, да оди каде што тој сака и велат дека е заробена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img