Почина проф. д-р Витомир Мицев

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По краткотрајно боледување денеска во утринските часови почина проф. д-р Витомир Мицев, еден од основоположниците на македонската психијатрија и психотерапија, поранешен претседател на Македонското лекарско друштво и на Македонската психијатриска асоцијација.

Проф. Мицев е роден во 1940 година во Белград. Во Cкoпje завршил средно училиште (1957) и Медицински факултет (1965). Наредните две години работел како лекар по општа пракса во Гостивар. Од 1968 година до 1974 година работел во Лондон, каде во 1972 година добил диплома за завршена психолошка медицина, односно специјалистичка диплома по психијатрија.

Со такво стручно образование се враќа во Скопје и истата 1974 година се вработува на Клиниката за невропсихијатрија, како единствен лекар во тоа време кој специјализирал во странство. Во 1984 година проф. д-р Мицев одбранил докторат на Медицинскиот Факултет во Скопје.

На универзитетот Сент Луис, во САД во неколку наврати бил визитинг професор, а во 1999 визитинг-професор станува и на Њујоршкиот универзитет.

На Универзитет Кирил и Методиј – Скопје, д-р Мицев беше професор на Медицинскиот, Стоматолошкиот и на Филозофскиот факултет.

Проф. д-р Мицев има објавено 110 стручни трудови во домашни и светски списанија. Автор е и на книгите: „Стравот низ дневникот на еден психијатар”, „Зошто”, а заедно со проф. д-р Ѓеорги Чадловски е автор на учебниците „Психијатрија 1 и 2’’.

Неврозите и психотерапијата беа посебното поле на интерес од неговата потесна специјалност. Беше супспецијалист по психотерапија и ја воведе когнитив-бихевиор психотерапијата во Македонија.

Беше активен член на Светската психијатриска асоцијација и на Европскиот комитет за едукација во психијатријата.

Погребот на проф. д-р Витомир Мицев ќе се одржи утре во 12:30 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article