Почина проф. д-р Димитар Бајалџиев

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 78 годишна возраст вчера почина проф. д-р Димитар Бајалџиев, долгогодишен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје, на Катедрата за воведни и теоретски правни науки.

– Со неговата смрт загубивме драг и почитуван колега, доајен од областа на вовед во правото и автор на бројни научни и стручни трудови, успешен интелектуалец, извонреден предавач, одличен педагог, посветен наставник и особено ценет пријател, објави Правниот факултет на Фејсбук.

Проф. д-р Димитар Бајалџиев (1944-2022) беше и министер за образование и наука од септември 1992 до декември 1994 година, поранешен декан на Правниот факултет и член на Деканатската управа.

Погребот ќе биде извршен утре на Градските гробишта во Бутел.

Фото: МИА

Share This Article