More

    Почина музичарот Тони Монтано

    spot_img

    Музичарот Тони Монтано почина денеска на 62-годишна возраст.

    Тони Монтано е роден како Велибор Миљковиќ во Белград во 1962 година.

    Кариерата ја започна како пејач во панк рок групата „Радост Европа“, формирана во 1979 година. Низ бендот поминале голем број музичари, меѓу кои и Димет Тодоров, кој подоцна бил член на Партибрејкерс и Слободан Лока Нешковиќ, кој подоцна бил член на бендот Урбана Герила.

    Бендот имаше проби и најмногу настапуваше во белградскиот Студентски културен центар, а главно изведуваа песни од панк рок групата Рамонс, но и свои. Бендот престана да работи во 1985 година, а дел од материјалот беше на деби албумот на Миљковиќ, кој започна соло кариера по распаѓањето на бендот. Добитник е на три награди на фестивалот МЕСАМ.

    Својот последен студиски албум „Happy Birthday“ го издаде во 1999 година, а синглот „Neću da bem sljam“ во 2021 година.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img